8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобар почеток на деловната 2015 година за Henkel

Добар почеток на деловната 2015 година за Henkel

Henkel in Ankara.JPG

Компанијата „Henkel“ соопшти вчера дека забележала добри резултати во првиот квартал и добар почеток на деловната 2015 година, со повторно зголемување и на продажбата и на приходите.

Компанијата наведе дека во првиот квартал од 2015 година остварила раст на продажбата од 12,7 проценти на 4,430 милијарди евра (органски раст од 3,6 проценти), додека оперативниот профит е зголемен за 14,1 проценти на 707 милиони евра.

„Во регионот на источна Европа, постигнат е силен органски раст на продажбата од 6,7 проценти“, наведе германскиот хемиски гигант, прецизирајќи дека продажбата изнесувала 625 милиони евра, во однос на 670 милиони евра во истиот квартал претходната година.

Исто така, забележан е раст на продажбата од 12 проценти на 1,870 милијарди евра на пазарите во развој во источна Европа, регионот на Африка/Блискиот исток, Јужна Америка и Азија (освен Јапонија).

„Ја достигнавме нашата најголема квартална продажба забележана некогаш благодарение на силниот органски раст на продажбата, влијанието на минатогодишните аквизиции и силниот американски долар“, изјави извршниот директор на компанијата Каспер Рорстед.

Тој додаде дека сите сектори придонеле за успехот во овој квартал, како и многу добрите резултати на пазарите во развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП