17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNintendo излезе од „црвената“ блокада

Nintendo излезе од „црвената“ блокада

nintendoje3nuir74tf7g

Јапонскиот гигант за видео игри „Nintendo“ во изминатата деловна година успеа да оствари оперативен профит од 24,77 милијарди јени (182 милиони евра).

„Nintendo“ го објави ова по три многу тешки години во кои неговиот оперативен профит беше блокиран „во црвено“.

Нето профитот достигна 41,8 милијарди јени, додека една година претходно забележа загуба од 23 милијарди јени, објави порталот lesecos.fr

„Nintendo“ сепак и понатака доживува пад на продажбата која опадна за речиси четири проценти за една година, на 550 милијарди јени (четири милијарди евра) и сега претставува едвај повеќе од половина од обемот на продажба кој оваа компанија успеа да го оствари по 2010 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП