6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија бара сезонски работници од Македонија, Србија, БиХ...

Италија бара сезонски работници од Македонија, Србија, БиХ…

ap_france_wine_harvest_04Sep12-975x630

Италијанската Влада објави оглас за вработување на сезонски работници за оваа година.

Како што е наведено на официјалната интернет страница на Министерството за внатрешни работи на Италија, за сезонска работа можат да се пријават граѓаните на Албанија, БиХ, Кореја, Египет, Македонија, Филипините, Гамбија, Гана, Јапонија, Индија, Косово, Мароко, Маурицијус, Молдавија, Црна Гора, Нигер, Нигерија, Пакистан, Сенегал, Србија, Шри Ланка, Украина и Тунис.

Оваа година во Италија ќе може да се вработат 13 илјади сезонски работници, кои Министерството за труд и социјална политика ќе ги распредели по работни места во зависност од потребата.

Од наведената бројка, 1.500 работни места се резервирани за работниците кои порано работеле во Италија или веќе работат во ова земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП