12 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧеримоја - Јужноамериканска бомба: Веројатно најдоброто овошје во светот!

Черимоја – Јужноамериканска бомба: Веројатно најдоброто овошје во светот!

IMG_1747

Лавот е крал на животните, а Черимојата на овошјето! Ова овошје потекнува од старите Инки и толку е добро што некогаш било резервирано само за владетелите!

Черимоја е уште позната и како тропско јаболко, а вкусот претставува комбинација од кокос, банана, ананас и папаја. Но тоа не е се…

Ова овошје потекнува од Јужна Америка, поточно од Андите. Постои во суптропските региони во светот, а најголем комерцијален производител денес е Шпанија.

v179356

Тропското јаболко е бодликаво и има жолтозелено кожа. Во внатрешноста се наоѓа бело месо кое се јаде така што овошјето се пресекува на половина, а потоа се консумира со лажица. Месото може да се збогати и со сок од лимета, но веројатно е најдобро да се ужива во единствениот вкус притоа не додавајќи ништо. Черимојата е богата со витамините Ц, како и железо, калциум и фосфор. Таа помага дури и при воспаленија на мочниот меур и бубрезите.

ovosje-vtor-del-02

Плодовите се собираат додека се сеуште цврсти, со оглед на фактот дека созреваат на домашна температура, на сонце. Кога е зрела, таа попушта под притисок на прстите, како кивито и авокадото. Внимавајте да не купувате кафеавкасти или згмечени плодови, бидејќи тоа го означува крајот на нивниот рок на трање. Секако, може да ги користите и во различни салати или како додаток на различни јадења.

Уште само да додадеме дека големиот Марк Твен изјавил дека ова овошје го има најубавиот вкус кој им е воопшто познат на луѓето, па ако овој плод бил толку добар за еден генијален ум, дајте му шанса и вие!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП