13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДајселблум: Невозможно е да се отпише долгот на Грција

Дајселблум: Невозможно е да се отпише долгот на Грција

grcija-eu-dogovor

Отпишувањето на номиналната вредност на долгот на Грција ќе биде политичко невозможно, дури и во случај на репрограмирање на отплатата на кредитите, оценил претседателот на еврогрупата Јероен Дајселблум во интервју за париски Monde.

„Расправата за репрограмињето на долгот не е табу. Единствената работа која е политички невозможна е бришењето на неговата номинална вредност (320 милијарди евра)“, изјавил Дајселблум, потсетувајќи дека за „олеснувањето“ на долгот се разговорало во 2012 година на европско ниво, под услов грчката влада да ги исполни барањата кои и беа поставени од нејзините партнери.

„Олеснувањето“ на грчкиот долг би можело да се изврши преку репрограмирање или размена на хартиите од вредност. Бришењето би било радикален потег кој би ги принудил кредиторите на Грција – европските земји, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската централна банка, да прифатат загуба на своја сметка.

Во интервју, кое во петок ќе го емитува FRANCE24, еврокомесарот за економски прашања Пјер Московици исто така рекол дека „прашањето на грчкиот долг ќе биде третирано подоцна“, но не како „кратење“ или отпишување на долгот, нешто што Европејците не сакаат да биде направено.

„Засега да се фокусираме на основното, на реформите. После тоа не можеме да се лажеме, европските институции одат рака под рака“, додал Московици.

Левичарската партија СИРИЗА, која е на власт во Грција, водеше кампања за бришење на барем дел од долгот на Грција, кој претставува повеќе од 175 проценти од нејзиниот бруто-домашен производ, односно вредност која нејзината економија ја создава за една година.

Тоа прашање подоцна беше и во позадина на преговорите на грчката Влада со кредиторите кои беа повеќе фокусирани на ликвидноста која и  е потребна на Атина, која се наоѓа, пак, под закана од финансиско давење во многу краток рок.

Прашањето за грчкиот долг е повторно на тапет овие денови, а тоа создава напнатост особено меѓу доверителите на Атина, посебно ММФ кој се залага за делумно бришење на долгот и Европејците, за кои постои „црвена линија“, на која укажал Дјселблум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП