26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција и Хрватска имаат најмала стапка на вработеност во ЕУ

Грција и Хрватска имаат најмала стапка на вработеност во ЕУ

eurostat

Грција и Хрватска имаат најниска стапка на вработеност во ЕУ во старосната група од 20 до 64 години, покажуваат податоците на Евростат.

Само 53,3 отсто од Грците во таа старосна група работат, додека во Хрватска овој процент изнесува 59,2 отсто.

Следат Шпанија и Италија, во кои 59,9 отсто од оваа старосна група работат.

Најголема вработеност во оваа група има Шведска, дури 80 отсто, а следат Германија со 77,7 и Велика Британија со 76,2 отсто.

Вработеноста на ниво на цела ЕУ изнесува 69,2 отсто, но сè уште не е достигнато нивото од 2008 година, пред економската криза, кога работеа 70,3 отсто од Европејците, наведува Евростат.

Најголема вработеност меѓу постарите од 55 години има во Шведска, 74 отсто, а следува Германија со 65,6 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП