9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт од дела на Стефан Гајдов во МОБ

Концерт од дела на Стефан Гајдов во МОБ

opera balet

Концерт „Од хорското творештво на Стефан Гајдов“ ќе се одржи денеска со почеток во 19 часот, во  фоајето на МОБ.

Оваа година се одбележува 110 години од раѓањето на македонскиот композитор Стефан Гајдов (1905 – 1992), кој со своето творештво дал значаен придонес во развојот на македонската музичка култура и уметност.

Најголем дел од неговиот опус заземаат хорските композиции, кои најчесто во себе го носат духот на македонскиот народен мелос.

За таа цел, Факултетот за музичка уметност во Скопје, организира концерт во чест на овој македонски музички деец, насловен „Од хорското творештво на Стефан Гајдов“.

Концертот ќе се одржи во петок, во Фоајето на Македонската опера и балет, каде мешаниот хор при Факултетот  предводен од професорот – маестро Ивица Зориќ, ќе изведе повеќе хорски композиции од овој автор.

Концертот е со почеток во 19 часот, а влезот е слободен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП