15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНатпревар на ученички социјални претпријатија

Натпревар на ученички социјални претпријатија

ja

Економско образование на млади менаџери – Junior Achievement Македонија, втора година по ред организира натпревар за социјални претпријатија со ученици од средните училишта од Р. Македонија со финансиска поддршка од компанијата Арцелор Митал.

На 09.05 2015 година учениците ќе ги презентираат своите идејни решенија пред стручно жири кое ќе се одржи во Медицинското училиште “Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје со почеток од 9:30 часот.

Овој натпревар е дел од проектот Junior Achievement “Социјално претпријатие” на кој оваа година ќе земат учество 80 млади претприемачи  кои ќе се натпреваруваат за титулата најдобрo социјалнo претпријатие.

Цел на проектот е поттикнување на младите да размислуваат за водење бизнис како одговорен корпоративен член на општеството.

 

Опис на проектот

Учениците требаa да замислат дека  се сопственици на компанија која сака да постигне некои промени во општеството и да делуваат во интерес на мнозинството, подобрување на општеството и животната средина. Учениците за таа цел  требаа да подготват проект со кој ќе дадат решенија за некои општествени и еколошки предизвици со кои се соочуваме.

Учеството на овој натпревар им нуди можност на учениците  кои ќе го освојат првото место да учествуваат на Европскиот натпревар на социјално одговорни компании кој ќе се одржи во јуни оваа година. (www.sep.ja-ye.org )

Агенда на настанот

9:00 -9:15      Регистрација на учесниците

9:15 -9:30      Официјално отворање

9:30 -12:00    Презентации на бизнис плановите

12:00 -12:30   Пауза со освежување

12:30- 13:00   Членовите на жири комисијата донесуваат одлуки

13:00 -13:30   Доделување на наградите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП