19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците подготвуваат даночна релаксација

Германците подготвуваат даночна релаксација

germanija-ekonomija

Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, најави помали даноци во наредната година бидејќи во државната каса ќе се слеат речиси 40 милијарди евра даночни приходи.

Овие неочекувани даночни приходи се очекуваат и во наредните пет години, покажуваат најновите прогнози.

Според официјалната прогноза на Комисијата од германски експерти, во касата на државата, регионите и општините до 2019 година ќе се најдат за 40 милијарди евра повеќе даночни приходи во однос на претходните предвидувања, пренесува агенцијата Франс прес.

Тие дополнителни пари, според зборовите на Шојбле, ќе отворат простор за реформирање на еден парадокс во кој вработените кои добиваат зголемување на платата автоматски се оданочуваат повеќе, па поради тоа нивната нето плата станува помала од онаа која ја имале претходно.

„Ќе предложам решавање на овој проблем“, изјави Шојбле на конференцијата за новинарите во Берлин и додаде дека целта на оваа ревизија е даночна релаксација во вредност од 1,5 милијарди евра во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП