19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКамерон ја крена фунтата! Што може да се очекува?

Камерон ја крена фунтата! Што може да се очекува?

Britain Election Key Issues

Лидерот на Ториевците, Дејвид Камерон најверојатно ќе остане премиер на Велика Британија, а тоа може да значи и бришење на државниот дефицит.

Конзервативната партија, како што досега се проценува, освоила 222 пратенички места од вкупно 650 во долниот дом на Парламентот, додека лабуристите освоиле 203 места.

Од споменатите резултати значи дека во наредните две години во Британија веројатно ќе биде одржан референдум за нејзино останување или излез од ЕУ, што во предизборната кампања го вети премиерот Камерон.

Победа на конзервативците, исто така, наговестува дека владините трошоци ќе бидат намалени за милијарди фунти, а со тоа ќе дојде до намалување на буџетскиот дефицит во петата најмоќна економија во светот. Меѓу останатото, трошоците за социјалните давачки би можеле да бидат намалени за 12 милијарди фунти.

Камерон се заколна дека до фискалната 2018/2019 година ќе го елиминира британскиот буџетски дефицит кој сега достигна пет проценти од бруто домашниот производ.

По објавувањето на прелиминарните изборни резултати, фунтата во однос на доларот се зајакна за два центи – на 1,5430 долари во раното австралискоазиско работење, што е нејзина најголема вредност од 30-ти април.

Претставници на повеќе партии учесници во изборите пак предупредуваат дека постои можност за неточности во проценката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП