18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГевгелија доби ново повеќенаменско спортско игралиште

Гевгелија доби ново повеќенаменско спортско игралиште

igralishte

Повеќенаменско спортско игралиште беше пуштено во четвртокот во употреба во СРЦ “Касарна”, во општина Гевгелија, од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов.

Игралиштето кое е дел од поширокиот проект на Владата за изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ државата овозможува одржување на тренинзи и натпревари во мал фудбал, кошарка, ракомет и други спортови.

“Вложувањето во спортот и спортската инфраструктура е еден од врвните приоритети на Владата, која сака да овозможи спортот да биде достапен секому и секаде подеднакво. Затоа, во континуитет се реализираат проектите за изградба на фудбалски игралишта, спортски сали, повеќенаменски игралишта и тениски терени низ целата држава. Од овие проекти не беше изземена ниту Гевгелија, каде досега преку АМС се инвестирани половина милион евра за изградба на двојниот тениски терен, повеќенаменското игралиште и фудбалското игралиште во Миравци” рече Спасески.

Градоначалникот Франгов ги повика младите да го практикуваат спортот, но истовремено и да ги чуваат новоизградените терени и вети дека соработката со Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи и во иднина.

Дополнително,  на градскиот фудбалски стадион двајцата го промовираа и проектот на АМС, “Урбан ѕид”, со кој ги стимулираа младите луѓе да творат и цртаат графити со позитивни содржини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП