2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропејците се повеќе купуваат електрични автомобили

Европејците се повеќе купуваат електрични автомобили

001

Европејците купуваат се повеќе електрични автомобили, покажуваат податоците на европското здружение на производители на автомобили.

Бројот на продадени електрични и хибридни возила на подрачјето на Европската унија во првиот квартал од годината е зголемен за 8,8 отсто во однос на истиот период лани.

Во наведениот период биле регистрирани вкупно 144.421 „зелени“ возила, со што вкупниот бројот во ЕУ достигнал 3,5 милиони.

Најголем скок на продажбата на електрични возила забележан е во Британија (64 отсто), Франција (34 отсто) Италија (18 отсто) и Германија (11 отсто).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП