1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFAO: Цените на храната на најниско ниво во пет години

FAO: Цените на храната на најниско ниво во пет години

cenihranazalihi1

Цените на храната се намалиле во април на најниското ниво во последните речиси пет години, извести агенцијата на Обединетите нации за храна – FAO, прогнозирајќи воедно продолжување на надолниот тренд на цените, имајќи го предвид силниот долар и големите резерви.

Индексот на FAO на цената на кошницата на основните прехранбени производи се спуштил во април за 1,2 отсто во однос на претходниот месец, односно на 171 поен, што е неговото најниско ниво од јуни 2010 година. На годишно ниво, овој индекс е намален за 19,2 отсто. Кошницата прехранбени производи опфаќа житарки, месо, млеко и млечни производи, растителни масла и шеќер.

Најмногу во април паднале цените на млекото и млечните производи, за 6,7 отсто во однос на март, што во FAO го толкуваат со поволниот почеток на сезоната во Европската унија и укинувањето на квотите за млекото, а со тоа и со очекувањето на големиот извоз. Поевтиниле и шеќерот и житарките, за 1,3 отсто во однос на претходниот месец, како и растителните масла за 1 процент.

Пораснале единствено цените на местото, и тоа за 1,7 отсто во однос на ревидираната вредност на подиндексот за март, поради поскапувањето на овчкото месо и говедското во Океанија.

Во FAO Прогнозираат продолжување на надолниот тренд на цените, имајќи ја предвид големата понуда и силниот американски долар. „Валутните курсеви и макроекономските трендови би можеле повторно значително да влијаат врз пазарите во сезоната 2015/2015-та“, се констатира во извештајот на агенцијата.

Пониските цени на храната и пониските возарини, како и силниот долар, ќе ја спуштат, пак, вредноста на увозот на храната во оваа година најниското ниво во последните пет години, пресметале во FAO.

Во одвоените двегодишни прогнози FAO, исто така, проценува дека во 2015 година во светот ќе бидат произведени за 1,5 отсто помалку житарки во однос на минатогодишниот рекорд, односно вкупно 2,509 милијарди тони, под услов временските прилики да останат нормални до крајот на сезоната. Прогнозираниот пад на производството се толкува со намалување на површините засеани со пченка, при што влијанието на тоа намалување ќе го ублажат „извонредно високите“ резерви.

Најмногу оваа година би требало да се зголеми производството на културите коишто се користат за производство на растителни маска, и тоа за 5,7 отсто, благодарејќи на големиот род на сојата, но и поради помалата побарувачка во секторот на биогоривата, како и значително поголемите залихи.

Трендовите во производството на млеко и млечни производи навестува натамошен стабилен раст на производството, за околу 2 отсто во оваа година, а во сличен процент, за околу 1,3 отсто, би требало да порасне и производството на месо. Производството на шеќер би требало, пак, според процените на FAO, ќе останат речиси непроменета во однос на минатата 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП