20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија може да даде финансиска помош за грчките компании

Русија може да даде финансиска помош за грчките компании

rusija-grcija

Русија е подготвена да ја разгледа можноста за пружање на финансиска помош на грчките компании кои ќе работат на изградба на гасниот транспортен систем во Грција, изјави рускиот претседател Владимир Путин по телефонскиот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Како што соопшти прес-службата на Кремљ, двете страни посебно внимание на заедничките инфраструктурни планови, како и прашањата за енергетската соработка, како изградбтаа на гасовод во Грција кој е дел од новиот проект за транспорт на руски гас преку Турција до европските држави, пренесе Тасс.

Претходно генералниот директор на руски Газпром, Алексеј Милер изјави дека Русија и Турција постигнаа договор според кој гасовод Турски тек ќе започне со работа во декември 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП