7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата стабилна над 68 долари, потврден падот на залихите на...

Цената на нафтата стабилна над 68 долари, потврден падот на залихите на САД

nafta 300

Цената на нафтата се стабилизираше на светските берзи над 68 долари, откако официјалните податоци од САД потврдија пад на залихите на сирова нафта, сугерирајќи врамнотежување на пазарот по неколкумесечна прекумерна понуда.

На лондонската берза цената на барелот порасна за 25 центи во однос на претходното затворање, на 68,03 долари, а на американската берза се тргуваше по речиси непроменета цена во однос на претходното затворање, од 60,78 долари.

Официјалните податоци на американската влада потврдија во средата дека залихите на сирова нафта во минатата недела се намалија прв пат за четири месеци и тоа за 3,9 милиони барели. Со тоа е потврден трендот од извештајот на Американскиот институт за нафта (API) од вторникот, кој покажа пад на комерцијалните залихи на сирова нафта во минатиот месец, прв пат во оваа година, и тоа за 1,5 милиони барели.

Тамаш Варга од лондонската брокерска куќа PVM Oil Associates толкува дека пазарот е фокусиран на растот на американските залихи и на граѓанската војна во Јемен, кои според оценките на некои аналитичарите би можеле да и наштетат на производството на нафта во другите делови на Персискиот залив.

Јемен произведува мала количина нафта, но е сосед на Саудиска Арабија, најголем извозник на нафта на светот. Саудиската влада ја предводи воената акција во Јемен, а во четвртокот соопшти дека ниту една воена опција не е исклучена кога е во прашање борбата против побунетите Хути, вклучително и воени операции.

„Сметам дека краткорочните фундаменти сугерираат раст на цената на нафтата, додека среднорочните се нешто пригушени“, вели Варга.

Трговците, пак, предупредуваат дека физиките пазари, за разлика од терминските, се многу послаби и се прекумерно снабдени. Така што десетици милиони барели нафта од западна Африка, Азербејџан и од Северното море тешко пронаоѓаат купувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП