3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвите количества гас преку „Турски тек“ ќе пристигнат во декември 2016-та

Првите количества гас преку „Турски тек“ ќе пристигнат во декември 2016-та

gas 535

Првите количества гас преку новиот гасовод „Турски тек“ би требало да бидат доставени во Турција во декември 2016-та година.

Ова било договорено денеска во Анкара, на работниот состанок меѓу директорот на Газпром Алексеј Милер и турскиот министер за енергија и природни ресурси Танер Јилдиз.

Милер и Јилдиз дискутираа за прашањата поврзани со снабдувањето на Турција со руски гас, модернизација на цевководот „Син тек“, како и за изградба на нов цевковод од Русија до Турција преку Црното море.

Беше посочено дека во првите четири месеци од 2015-та година, Русија преку „Синиот тек“ испорачала околу 5,4 милијарди кубни метри гас до Турција. Тоа е за 4% повеќе од истиот период лани.

Двете страни истакнаа дека потрошувачката на природен гас во Турција во изминативе 10 години се зголемила за повеќе од двојно и дека турскиот пазар е заинтересиран за зголемување на увозот на енергенси од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП