9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦрвен крст и Tрансмет со заеднички проект за промовирање на Училишни клубови...

Црвен крст и Tрансмет со заеднички проект за промовирање на Училишни клубови за едукација и превенција

transmet ck

Фирмата Трансмет уште еднаш ја покажа својата општествена одговорност и заедно со Црвениот крст влезе во хумана мисија.

Денес во просториите на ДХО Даре Џамбаз беше промовиран новиот проект „Училишни клубови за едукација и превенција“ кој ќе го имплементира Црвен крст на Град Скопје со поддршка на партнерот во проектот градежната компанија ТРАНСМЕТ ДОО Скопје.

Целта на проектните активности е зајакнување на капацитетите на младите во 19 основни и средни училишта на територија на град Скопје и пружање помош во заедницата. Работата на клубовите во голема мерка ја олеснува вон наставната и неформална едукација на младите на теми од областа на здравствено превентивните и социјално хуманитарните активности, а се иницираат и нови иновативни форми за младинско ангажирање. Со повторното активирање на овие клубови ќе се реализираат едукативни и здравствено превентивни активности, обуки, едукации, јавни настани, се иницира младинско ангажирање, соработка со други НВО и локалната самоуправа и ќе се допре до голем број граѓани.

transmet ck1

Генералниот директор на Трансмет Сеат Кочан, истакна дека компанијата и вработените во неа несебично се вклучуваат во сите проекти и кампањи на Црвен крст, хуманитарните организации, граѓанските здруженија кои имаат за цел да им помогнат на оние на кои им е потребно.

„Чест ми е што компанијата Трансмет ја доби приликата да се вклучи во дел од активностите на Црвениот крст. Денешниот настан е дел од низата активности што ги спроведува Трансмет во делот на општествената одговорност. Особено ми е чест што Трансмет како компанија директно ќе добие можност да влијае и да ги поттикне младите да се мобилизираат и активираат во проекти кои опфаќаат едукативни активности, обуки, ангажман, соработка, како и имплементација на нивни идеи во секојдневието. Преку овој проект што ќе почнеме да го имплементираме се надеваме дека ќе ги поттикнеме младите со својата креативност активно да се вклучат во хуманитарни акции и со тоа да ја покажат општествената одговорност како млади личности“, истакна Кочан.

Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ Саид Саити ја најави и ја честиташе неделата на Црвениот крст од 8-ми до 15-ти мај.

transmet ck2

„Оваа година мотото на одбележување на Светскиот ден е „Нашите принципи во акција“. Со цел да ја упатиме силната порака на тие 7 принципи кои се водилка во нашето работење и кои на некој начин успеваат да покренат ангажман и интерес кај многу наши граѓани, волонтери да посветат дел од слободното време во работењето на Црвениот крст на Македонија“, потенцираше Саити.

Генералниот секретар на Црвен крст на Град Скопје Сузана Тунева Пауновска информираше дека Црвениот крст на Република Македонија може да се пофали со голем број на волонтери, околу 7.000, а на ниво на свет има 17 милиони волонтери, бројка која е за почит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП