3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворена станица за технички преглед на моторни возила во Илинден

Отворена станица за технички преглед на моторни возила во Илинден

teh pregled

Станица за технички преглед на сите видови моторни возила на свечен начин беше предадена во употреба вчера во Општина Илинден.

Во присуство на амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец и извршниот директор на САВА Осигурување Петар Скварча, новата Станица за технички преглед во употреба ја предаде градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски.

Со пуштањето во употреба на Станицата за технички преглед, благодарејќи на компаниите САВА осигурување и САТРА, како што рече градоначалникот Стојановски, се воведува нова услужна дејност во Општина Илинден, со што се подобрува квалитетот на живеење на граѓаните, и се овозможуваат подобри услови за развој на бизнис заедницата.

Новата станица за технички преглед на моторни возила е инвестиција на словенечката компанија Сава осигурување, со која ќе стопанисува фирмата „Сава спејшн“.

На површина од 300 метри квадратни, вкупната инвестиција од околу 200.000 евра ќе овозможи отворање на десеттина нови работни места.

Жителите на Општина Илинден во иднина не ќе мораат да патуваат по десетина километри до најблиската станица за технички преглед, зашто сега во општината ќе добиваат комплетна услуга околу техничкиот преглед и регистрацијата на своите возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП