6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВиз Ер Скопје Маратон Експо, Саемот за туризам и Деновите на кариера...

Виз Ер Скопје Маратон Експо, Саемот за туризам и Деновите на кариера и официјално на Скопски саем

saeeeeem

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со директорката на Скопски саем Даниела Глигоровска и Кире Синадиновски, Директор на Виз Ер Скопски Маратон го прогласија за отворен првиот Виз Ер Скопје Маратон Експокој од денес до 9 мај ќе се одржува на Скопски саем во хала 4.

Работното време на Wizz Аir Скопје Маратон Експо 2015 е од 10 до 20 часот.

Сите пријавени учесници треба да си ги подигнат своите стартни пакети на саемот Wizz Аir Скопје Маратон Експово 4-та хала. Саемот ќе понуди богата изложбена програма поврзана со спортот, здравиот живот, здравата исхрана, спортска опрема, фитнес центри итн.

Во хала 2 денес започна и Саемот за туризам СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ 2015 кој официјално беше прогласен за отворен од страна на Кристијан Џамбазовски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија и Никола Бакрачески, градоначалник на град Охрид. Партнер на настанот е Стопанска комора за туризам на Македонија.

Покровител на СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ е Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија која е воедно и учесник на саемот кои со свој штанд ќе промовираат проекти за развој на туризмот во Македонија. Оваа година за прв пат се претставува и градот Охрид кој воедно е и град-домаќин на Скопје Травел Маркет.

Третиот Саем кој беше отворен денес е и Саемот за образование и кариера. Основната цел на 18. издание на саемската манифестација „Денови на образование и кариера 2015“ е информирање на младите за правилно насочување на нивните интереси во изборот на идното образование и професија. Во програмскиот дел ќе бидат реализирани две отворени трибини на теми кои се актуелни во областа на високото образование и презентации на странски образовни институции, како и агенции кои нудат информации за стипендии и пракси. Посебно е значајно да се нагласи организираното учество на Унгарскиот универзитетски кампус со учество на 7 универзитети како и на 8 универзитети од регионот преку Xhafa Exhibitions oд Косово.

Паралелно со Саемот за туризам, Виз Ер Скопје Маратон Експо и Деновите на образование и кариера, граѓаните ќе можат да го посетат и Саемот на книгата, кој трае сè до понеделник, 11-ти мај.

Тематски денови на промоции кои претстојат на Саемот на книгата:

07.05. (Четврток) Отворен ден за сите читатели и љубители на убавиот пишан збор, доделување на книги за најхрабрите кои ќе се качат на бина.

08.05. (петок) Патешествие на големите светски талкачи и нивните дела (Марк Твејн, Чарлс Буковски). Покана до изложувачите за учество со свои дела, истите книги по избор (3-5) примероци, да се поделуваат бесплатно или на оние кои ќе покажат најмногу знаење за време на работилницата.

09.05. (сабота) Ден на екранизираната уметност, т.е. книга преточена во филм. Покана на изложувачите да промовираат свои книги кои од книга се претвориле во екранизирана филмска уметност и ги полнат кино салите. Поделување бесплатни примероци и/или пакет награди.

10.05. (недела) Сонуваме ѕвезди – средба на децата со поетите. Поетско читање и наградување на најмалите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП