20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот расте по падот на показателите од САД

Доларот расте по падот на показателите од САД

dolari4224242

Вредноста на американскиот долар расте во тргувањето денес претпладне во однос на другите светски валути по периодот на пад, како резултат на слабите статистички податоци од пазарот на трудот во САД.

Според показателите од меѓународните валутни пазари, во четвртокот претпладнето индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската валута во однос на шесте валути на земјите најголеми трговски партнери на САД, се зголемил за 0,1 отсто, до 94,16 отсто. Курсот на еврото во однос на доларот падна до 1,1344 од 1.1347 долари колку што изнесуваше на затворањето од тргувањето во средата. Курсот на доларот, пак, во однос на јапонскиот јен, пак, незначително порасна на 119,48 јени, од 119,46 јени на колку се задржав во средата.

Аналитичката компанијата Automatic Data Processing (ADP) во средата објави дека бројот на новите работни места во приватните компании во САД во април се зголемил за 169.000. Овој податок е полош од очекувањата на аналитичарите кои очекуваа раст до 200.000 нови работни места. И мартовскиот показател во оваа категорија е ревидиран надолу на 175.000 од прелиминарниот од 189.000 работни места.

„Надежите дека американскиот пазар на труди натаму е здрав, беа разбиени од извештајот за вработувањето во приватниот сектор“, вели за Bloomberg Кејсуке Хино, валутен стратег во „Mizuho Bank“. Тој истакнува дека овие податоци ги поткопуваат долгорочните позиции на доларот. Сепак, според Хино, нискиот долар може да придонесе за зголемување на апетитот за американската валута на пазарите во Јапонија по завршувањето на националниот празник, поради кој не се работеше од понеделникот до средата.

Вниманието на инвеститорите е фокусирано сега на податоците од Министерството за труд за стапката на невработеноста во САД во април, кои треба да бидат објавени во петок. Аналитичарите очекуваат незначително намалување на показателот до 5,4 отсто од 5,5 отсто во март. Бројот работни места во не-земјоделските сектори на економијата, според експертите, ќе се зголеми на 225.000 од 126.000 во претходниот месец.

Силната статистика може да ги поткрепи очекувањата на инвеститорите за првото зголемување на каматните стапки од 2008 година на американската централна банка Federal Reserve (Fed), од сегашното историско ниво од 0 до 0,25 отсто. Аналитичарите сметаат дека зголемувањето на стапките ќе ја зајакне американската валута. Регулаторот на своето редовно месечно заседание изминатите два дена стави до знаење дека е можна пожестока монетарна политика во атмосфера на раст на економијата, особено на податоците на трудот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП