
Трговскиот дефицит на Канада во месец март пораснал од февруарските 2,2 милијарди канадски долари на три милијарди.


Трговскиот дефицит на Канада во месец март пораснал од февруарските 2,2 милијарди канадски долари на три милијарди.
Канадскиот увоз во март е зголемен за 2,2 проценти, додека ивозот е зголемен за 0,4 проценти, соопшти Заводот за статистика на Канада.
Количината на увезена стока пораснала за 1,5 проценти, а цените за 0,6 проценти. Количината на извезена стока пораснала за 1,9 проценти, а цените се намалиле за 1,5 проценти, пренесува агенцијата АФП.
Извозот во САД е намален за 0,9 проценти на 31,4 милијарди долари.
Извозот на Канада најмногу пораснал во Јапонија за 210 милиони долари и Швајцарија за 108 милиони долари.
Најмногу е зголемен увозот на кинеската стока за 902 милиони евра.