19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит пад по објавата на Fed

На Волстрит пад по објавата на Fed

Wall-Street000

Берзанските индекси на Волстрит во средата паднаа во атмосфера на изјавата на челничката на американската централна банка Џанет Јелен за слабите податоци од пазарот на трудот во САД.

Индексот Dow Jones падна за 0,48 отсто, на 17.841 поени, индексот S&P 500 се намали за 0,45 проценти, на 2.080 поени, додека Nasdaq индексот се лизна за 0,4 отсто, на 4.919 индексни поени.

Според компанијата за собирање и анализа на економските податоци Automatic Data Processing (ADP), бројот на новите работни места во приватните компании во САД во април се зголемил за 169.000. Овој податок е полош од очекувањата на аналитичарите кои очекуваа раст до 200.000 нови работни места. И мартовскиот показател во оваа категорија е ревидиран надолу на 175.000 од прелиминарниот од 189.000 работни места.

Челничката на централната банка на САД Federal Reserve (Fed) во средата по заседанието на гувернерите во изјавата ги напомна потенцијалните ризици поврзани со високите вредности на пазарите. Коментарите на Јелен предизвикаа нервоза кај инвеститорите, кои и онака беа под притисокот од очекувањата за зголемувањето на клучните каматни стапки. Можно е рокот за тоа зголемување да биде посочен по објавувањето во петок на дополнителните податоци од американскиот пазар на трудот.

„Не треба да изненадува тоа што оваа седмица не достигнавме нови високи вредности, имајќи го предвид говорот на Јелен и податоците за работните места, коишто ќе бидат објавени во петок“, вели во анкетата на Reuters Мајкл Чирч, шеф во „Addison Capital“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП