18 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Жанета Гелевска Велјаноска во Софија

Изложба на Жанета Гелевска Велјаноска во Софија

hak

Изложба на Жанета Гелевска Велјаноска, во организација на Националната галерија на Македонија и Културно информативниот центар на РМ во Софија, ќе биде отворена во четврток, во 18.30 часот.

Жанета Гелевска Велјаноска го користи сликарството за да зборува за својот живот, за нејзиното минато и за сегашноста. Во своите дела произведува светлина, обоен простор што ќе вдоми една фигуративна форма и која ќе му ја даде неговата смисла за возврат. Нејзините платна се преплет од мисли, расположенија и емоции за личности. Имагинарен свет што раскажува поезија, убавина на душата што ја носи секој во себе и кои се рефлектираат врз секој предмет од секојдневието. Обоено патување низ градови и предели, реални или имагинарни, апстрактни или фигуративни, и двете истовремено…

Систематизираќи ги внатрешни пориви на својот сопствен сензибилитет, во своите дела Жанета Гелевска Вељаноска се стреми кон синтетичен и силен начин на изразување. Лексиката на нејзиното сликарство е слоевита и смислено вкрстена од различните доживувања и расположенија, така таа се ослободува од една цела конкретна логика, во корист на диктатот на чулата и чуствата со емотивни изливи на внатрешната енергија и психички вибрации.

Преку палетата на своите платна Гелевска нé води низ извонредна композициска решеност на површината, воедно остварувајќи една комплексна изведба, споена со познавањето, пред се, на создавањето на светот како предизвик на самото битие. Во својот појдовен импулс, пристапот на авторката веќе е лишен од декларативно-утилитарна тенденциозност, нејзините мотиви се предизвикани од сфери што им припаѓаат , пред сé, на творечките индивидуално-психолошките и хуманистички разбирања. Делата се весели и полни со оптимизам, потхранети со страст за животот и интерес за едноставноста на секојдневниот живот, со мотиви што изразуваат животна радост, неагресивност, и стремеж кон еуфорична емотивност…

Изложбата ќе ја отвори Васко Шутаров, директор на КИЦ на РМ во Софија, а реализацијата на овој проект се остварува со поддршка на нашето Министерство за култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП