9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатото поевтинува по изјавите од Fed

Златото поевтинува по изјавите од Fed

zlato55555551121221212

Цената на златото на меѓународните пазари паѓа во претпладневното тргување денес, како реакција, во прв ред, на изјавите на шефицата на американската централна банка.

Во четвртокот претпладне јунскиот фјучерс на златото на њујоршката берза Comex поевтини за 3,40 долари, односно за 0,29 отсто, на 1.186,90 долари за унца. Цената на јулскиот фјучерс на среброто, пак, падна за 0,34 проценти, на 16,45 долари за унца.

Изјавите на челничката на Federal Reserve (Fed), Џанет Јелен од средата им сигнализираа на инвеститорите дека очекуваните монетарни поттикнувања може да бидат објавени веќе во петок, кога треба да се објават дополнителните податоци за вработеноста во САД. Првичните податоци, инаку, беа значително послаби од очекувањата и најавуваат забавување на растот на најголемата светска економија.

Аналитичарите на банката ANZ во белешката за своите коминтенти, наведуваат дека коментарите на Јелен во врска со можниот остар пораст на вредноста на хартиите од вредност вршат притисок на златото. Благородните метали, инаку се сметаат за безбедно засолниште за капиталот во период на осцилации на берзанските индекси и валутните пазар.

Неможноста златото да ја сочува цената над 1.200 долари за унца, и покрај слабеењето на американскиот долар, може да сигнализира натамошен пад на вредноста на овој скапоцен метал, сметаат аналитичарите во анкетата на Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП