19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународен саем „Скопје травел маркет 2015“ од 7 до 10 мај

Меѓународен саем „Скопје травел маркет 2015“ од 7 до 10 мај

saem-turizam

Туристички агенции, хотели и тур-оператори од Македонија и светот ќе се претстават на петтиот Меѓународен саем за туризам „Скопје Травел маркет 2015“, што ќе се одржува од денес до 10 мај во Скопје.

Со цел зголемување на внатрешниот туризам македонскиот туристички потенцијал на Саемот ќе го презентира Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) која ќе се претстави на простор од 65 метри квадратни.

„Во насока на подобрување на туристичката понуда односно приширување на туристичката понуда и подобрување на условите на туризмот во Република Македонија, голем број проекти се веќе во фаза на реализација. Со цел подобрување на внатрешниот туризам ќе го поддржиме и Скопје Травел Маркет и оваа година каде АППТ ќе учествуваме со сопствен штанд на кој свое претставување ќе имаат и туристичкото стопанство, универзитетите и претставници на општините“, изјави директорот на АППТ Кристијан Џамбазовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП