9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо Rolex лути за изјавите на италијанските политичари

Во Rolex лути за изјавите на италијанските политичари

102349981-rolex.530x298

Произведувачот на луксузни часовници „Rolex“ побара во средата извинување од италијанскиот премиер и министерот за внатрешни работи поради изјавите дека насилните демонстранти кои минатата седмица демолираа делови од Милано биле „богати разгалени деца со Rolex-и“.

Компанијата закупи цели страници во најголемите италијански дневни весници за да го спречи натамошното оцрнување на блескавата слика за „Rolex“ кој ги спонзорира големите спортски натпреварувања, а голема сума издвои и за славната миланска оперска куќа „Ла Скала“.

Во обраќањето пред парламентот за протестите кои избувнаа по повод отворањето на Експо во Милано, министерот за внатрешни работи Анџелино Алфано рече дека „на улиците видов гадови во качулки, како и богати разгалените детишта со Rolex-и“.

Директорот на „Rolex“ за Италија, Џанпаоло Марини, напиша во отвореното писмо во весниците дека нискиот квалитет на фотографиите оставил многу високо сомневање во тоа дека демонстрантите навистина носеле часовници од неговиот бренд, како и дека не може д се каже дека, доколку и имаат часовници од ваа марка, дали станува збор за евтини копии кои може да се купат на секоја италијанска улица.

Марини го осуди како неприфатливо поврзувањето на сликите на „Rolex“ со уништувањето во Милано и со светот на насилството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП