4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕИмот во Лондон вреден 120 милиони долари

Имот во Лондон вреден 120 милиони долари

im4

Британскиот тајкун Маркус Купер го купи имотот „London’s One Cornwall Terrace“ за рекордни 120 милиони долари…

Пред една година овој имот чинеше 160 милиони, но според пишувањата на „The Sun“ цената и со овој „попуст“ е рекордна кога е во прашање ваков вид на имот.

„One Cornwall“ се наоѓа во близина на паркот Риџент и има повеќе од 2,000 квадратни метри. Имотот е именуван по кралот Џорџ кој беше војвода во Корнвол, куќата поседува седум соби, девет бањи и 11 соби за приеми.

Од 1955 до 1970 година таа беше резиденција на амбасадорот од Нов Зеланд, но потоа во неа биле населени измамници.

Подоцна куќата била комплетно реновирана и сега таа поседува и спортски комплекс, затворен базен и огромна градина.

Ентериерот и екстериерот зрачат со убавина и комфорт. Дизајнот на ентериерот на прв поглед ве уверува дека станува збор за луксузни материјали со највисок квалитет.

Купер е основач на компанијата „Маркус Купер Груп“ која се занимава со недвижен имот.

Погледнете ги прекрасните фотографии…

im5

im7

im8

im9

cornwall1.jpg

im2

im3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП