21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИКварталниот профит на ING забележа раст од 43 проценти

Кварталниот профит на ING забележа раст од 43 проценти

ing lav

„ING Groep NV“ – најголемата холандска компанија за финансиски услуги, објави 43 процентен раст на профитот за првиот квартал, пренесува „Reuters

Главната добивка порасна до 1,19 милијарди евра од 830 милиони евра, од пред една година порано, изјави компанијата со седиште во Амстердам.

„Силната презентација беше постигната и покрај сложената оперативна средина, карактеризирана со ниски камати и нерамномерно економско закрепнување“, изјави главниот извршен директор Paлф Хамерс.

„ING“ се раздели со својот дел со осигурување во САД во март и собираа удел во „NN Group NV“ до околу 55% ​​во февруари, како дел од планот за реконструкција во замена за помош од владата. Групацијата обезбеди дивиденди во оваа година за прв пат од 2008-ма година по отплатата на долговите кон холандската влада.

„ING“ забележа сеопфатна добивка од 1,8 милиони евра во првиот квартал во однос на загубата од 1,92 милијарди евра, една година порано.

Нето добивката од камати – она ​​што банките ја наплаќаат за кредити и плаќаат за депозити, се зголеми до 3,2 милијарди евра од 3 милијарди евра во 2014-та.

Односот на основниот капитал на компанијата – еден од главните компоненти на правилата „Базел III“, се искачи на 11,6% во споредба со 11,4 отсто кон крајот на минатата година.

Акциите на „ING“ се зголемија во цена за 27% во оваа година во однос на 12 процентен раст на паневропскиот финансиски репер „STOXX Europe 600 Banks“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП