1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна "Денот на регионалната соработка" во Брисел

Започна “Денот на регионалната соработка” во Брисел

bbb

Одржување на „Ден на регионалната соработка“ започна денес во Брисел со првото претставување на Балканскиот барометар (ББ), односно со обемното истражување кое ги опфаќа видувањата и мислењата на јавното и деловното мнение за главните стопански и развојни прашања. Балканскиот барометар е дел од „алатките“ за следење на напредокот во примената на стратегијата „Југоисточна Европа 2020“ (JIE 2020).

Истражувањето во склоп на Балканскиот барометар опфати 7000 граѓани и 1400 компании од седум земји од југоисточна Европа, односно Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Србија и Македонија. Балканскиот деловен барометар како и Балканскиот барометар на јавно мнение за 2015 година, вклучително и целокупните извештаи, може да се најдат на интернет страницата на Советот за регионална соработка http://www.rcc.int/seeds/results/2/balkan-opinion-barometar и http://www.rcc.int/seeds/results/3/balkan-business-barometar. Основен инструмент за следење на спроведувањето на стратегијата на Советот „Југоисточна Европа 2020“, односно „Табелата на развој на југоисточна Европа (SEEDS)“, ќе биде на располагање на јавноста подоцна овој месец на интернет странцицата на оваа организација. www.rcc.int.

Денешната серија настани ја отвори шефот на Претставништвото на сојузната држава Баден-Виртемберг Јоханес Јанг, кој истакна дека „Ни во побогатите општества не е лесно да се постигне регионална соработка и сите треба да дадат сѐ од себе за да се сложат едни со други.“ Господин Јанг ја изрази определеноста на сојузната држава Баден-Виртемберг за развој на западен Балкан низ „вложување, туризам и фактот дека 15 проценти од нашите граѓани имаат семејни корени во регионот кој го покрива Советот за регионална соработка.“

baa

Професор Владимир Глигоров од Институтот за меѓународни економски студии од Виена ги претстави некои од главните резултати на Балканскиот барометар: „Јавноста како и деловната заедница ја сметаат регионалната соработка за основен елемент на напредок кон членството во Европската унија. Регионалната соработка, спрема тоа, се гледа како шанса, како прилика.“

„Нема многу промени во мислењето на граѓаните кога ќе се споредат со сличните истражувања, како она на Галуп „Балкан Монитор“ кое последен пат е спроведено во 2010 година.“ рече Фабрис ду Керков од Фондацијата на крал Бодуен.

Коордионаторот за стратегијата JIE 2020 во Советот за регионална соработка Сањин Арифагиќ го претстави системот за следење на примени на стратегијата на оваа организација „Југоисточна Европа 2020“. „Овие алатки во главно се наменети за носителите на политиките, но можат да ги користат граѓаните или стопанственицте од регионот кои сакаат да проверат каде наоѓа нивниот микро или макросвет во споредба со другите“.

„Ден на регионалната соработка“ претставува заеднички напор на Советот за регионална соработка, Претставништвото на сојузната држава Баден-Виртемберг во Европската Унија и Европскиот фонд за Балкан.

bbb

bcc

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП