8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на американските залихи поттикна раст на цената на нафтата

Падот на американските залихи поттикна раст на цената на нафтата

nafta 35

Цената на нафтата скокна денеска на светските берзи близу 69 долари за барел, поттикната од информациите за пад на залихите во САД и за судирите на Блискиот исток.

На лондонската берза цената на барелот скокна 1,36 долари во однос на вчерашното затворање, на 68,88 долари, а на американскиот пазар со барелот се тргува по 1,51 долар повисока цена, од 61,91 долар.

Силна подршка на нафтените пазари пружи извештајот на Американскиот институт за нафта (API), кој покажа пад на американските залихи на сирова нафта во минатата недела, прв пат во оваа година. Залихите се намалија за 1,5 милиони барели. Владата ќе ги објави во среда службените податоци.

Дополнително цената на нафтата ја потикнаа вооружените судири во Јемен. Сведоците известуваат дека авиони на коалицијата предводена од Саудиска Арабија синоќа ги бомбардираа јеменските градови, откако од Иран ги гранатираа позициите на шиитските бунтовници.

Јемен е мал производител на нафта, но има важна географска позиција и е во соседство на најголемиот светски извозник Саудиска Арабија, што предизвикува нервоза на пазарот.

Во Либија, пак, протестантите го прекинаа извозот на сирова нафта од пристаништето Зуеитина, Моментно во оваа држава се произведуваат помалку од 500.000 барели дневно, што е третина од производството од периодот од пред соборувањето на Моамер Гадафи.

Поддршка на цената пружа и намалениот курс на доларот за 0,3 отсто кон кошничката валути.

„Хеџ фондовите и останатите инвеститорите веќе долго време не биле толкави оптимисти. Шпекулациите за растот на цената моментно се најизразени од јули минатата година“, констатира Вјан Лаи од National Australia Bank.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП