18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПеткратно зголемена добивката на Societe Generale

Петкратно зголемена добивката на Societe Generale

Societe Generale131

Нето добивката на француската банка Societe Generale е повеќето од петкратно зголемена во првото тромесечје благодарение на добриот резултат на одделот за инвестициско банкарство и ограничената загуба на рускиот огранок, покажа деловниот извештај објавен денес.

Банката во првите три месеци од годината оствари нето добивка од 868 милиони евра, во однос на 169 милиони евра колку што изнесуваше во првиот квартал од минатата година кога во рускиот огранок беа отпишани 525 милиони евра.

Во првиот квартал од годината рускиот огранок повторно работеше со загуба, и тоа од 91 милион евра, поради намалување на побарувачката за кредити под влијание на длабоката рецесија која ја предизвикаа западните санкции, поврзани со наводната вмешаност на Русија во судирите во Украина и со пониските цени на нафтата.

Нето приходите на групацијата скокнаа за 12,3 отсто, на 6,353 милијарди евра, со 21,8 отстотен скок во сегментот на корпоративното инвестициско банкарство кое црпеше поддршка од послабиот курс на еврото и на интеграцијата на брокерската куќа Newedge.

Приходите од тргувањето со акциите пораснаа 32,5 отсто со оглед дека бројни берзи во наведениоте приод бележеа рекордни нивоа, додека растот во сегментот тргување со обврзници, девизи и стоки ја надомести послабата побарувачка за структурни реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП