18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМикросам прослави 25 години успех, инoвaтивност и трајни вредности

Микросам прослави 25 години успех, инoвaтивност и трајни вредности

mikrosam 300

Македонскиот гигант во високата технологија Микросам, која е призната на светско ниво, денеска во Центарот за Култура, Марко Цепенков во Прилеп свечено го одбележа јубилејот за почит, 25-те години од постоењето.

Единствената компанија која е претставник на Македонија на скоро сите континенти, на крилјата на врвните светски авиони, па дури и во вселената, македонскиот бренд кој соработувајќи со врвните светски компании ја “облече” Македонија во сосема ново руво во светски очи и размери, оваа година прославува 25 години од своето постоење, 25 испишани страни кои напамет ги говорат и познаваат компании од светски калибар, и тоа ни помалку ни повеќе во полето на нудење на најкомплексните решенија од областа на современи композити и роботиката.

„Уште ми се свежи сеќавањата кога со сопругата Лилјана го ковавме планот за основање на компанијата. Од консултантска канцеларија, станавме компанија со 150 вработени, од чудни погледи и неверувања за плановите, до респект од врвни компании, низа препреки, рамо до рамо со најдобрите производители на машини за композитни материјали во светот. Нашата книга од 25 поглавја допрва ќе ги испишува своите продолжетоци” истакна Проф. д-р Благоја Самакоски.

На корпоративна прослава по повод сребрениот јубилеј на компанијата, свечено се доделија дипломите на првите магистранти на Институтот за современи композити и роботика. Вработените во Микросам, поради својата лојалност и особен придонес во развојот на компанијата примија признанија од Лилјана Самакоска, која не го криеше задоволството од нивното работење и успех.

„Започнавме како консултантска компанија за дизајн на електронски компоненти и машини. Согледувајќи го успехот и задоволството клиентите од креативните решенијата кои ги нудевме, решивме нашето знаењето да го примениме на дизајн и производство на сопствени машини и софтвер. Денес произведуваме целосно автоматизирани фабрики. Потврда за нашиот успех е задоволството на клиентите во околу 40 земји во светот во кои имаме успешно инсталирани 200 производни линии. Горди сме на сите кои беа дел од оваа успешна приказна, но ние и ден денес работиме како еден тим, нашата работа се базира на знаење и на континуирана едукација, но и на беспрекорна взаемна почит“, додаде Проф. д-р Самакоски.

Сите пристутни можеа да го погледнат и корпоративното видео, кое беше сплет на интервјуа и инсерти од работата на Микросам, а главната цел беше покажувањето на приказната од другата страна. Патот до успехот, патот до тоа како да се биде најдобар и да се постане гигант во производство во високата технологија. Решенијата на Микросам се прилагодени и дизајнирани соодветно специфичните потреби на секој купувач, тоа ги прави лидери и успешни во тоа што го прават. Во ова видео се прикажа и придонесот на Микросам за општеството, најмногу во поглед на образованието. Во 2007 година Микросам ја основа Академијата која нуди бесплатни курсеви за дообука и преквалификување на кадри во областа на програмирањето, машинството, електрониката и автоматиката. Две години подоцна, Микросам го основа и првиот приватен институт во Европа од областа на техничките науки кој обавува високообразовна и научно-истражувачка дејност, со една од најсовремените лаборатории во светот во која има инсталирано опрема за сите клучни композитни технологии. Микросам денес е меѓу првите три компании во светот која нуди најсовремени автоматизирани решенија во областа на композитните материјали и роботиката.

„Особено сум горд што Микросам во светот го препознаваат како македонски бренд. Ние настојуваме при секоја комерцијална соработка да пренесеме дел од историјата, културата и благодедите на оваа земја, гордо носејќи се со обврската да бидеме амбасадори на Македонија ширум светот“, додаде на крајот Проф. д-р Самакоски.

Ансамбл Македонија и групата Љубојна без задолжени за одличната музика и атмосфера во Центарот за култура, Марко Цепенков во Прилеп, каде што Микросам ги прослави своите јубилејни, 25 години постоење и успешно работење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП