17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтабилно темпо на раст во приватниот сектор на еврозоната во април

Стабилно темпо на раст во приватниот сектор на еврозоната во април

evrozonabhg76it7tr7tt

Приватниот сектор на еврозоната забележал во април стабилно темпо на растот, со рамномерен придонес на производствениот и услужниот сектор, соопшти во средата лондонскиот аналитички институт.

Индексот на менаџерите на набавката (PMI) за приватниот сектор во 19-члената еврозона изнесувал во април 2015 година 53,9 поени, што значи дека останал речиси непроменет во однос на претходниот месец, кога го достигна највисокото ниво во последните 11 месеци од 54,0 поени, покажува истражувањето на Markit. Првично овој индекс за април беше проценет на 53,5 поени.

„Конечните податоци за PMI во април се нешто посилни отколку што првично беше проценето, особено кога станува збор за Франција, и наведуваат на заклучокот дека економијата на еврозоната, горе-долу, го задржал залетот за раст од март“, констатира главниот економист на Markit, Крис Вилијамсон. И производствениот и услужниот сектор повторно изминатиот месец забележале стабилен раст на активностите, истакнува.

Ирска повторно забележала најсилен раст, а меѓу четирите најголеми економија економии во еврозоната повторно се издвојува Шпанија, каде што активноста расте најбрзо од ноември 2006 година. Италија забележала најсилно темпо на раст во последните десет месеци. Солиден раст забележала и Германија, а охрабрува и продолжувањето на нагорниот тренд во Франција, трет месец со ред, иако осетно со послабо темпо отколку во март, наведуваат од Markit.

Се потсетува и дека Европската централна банка (ECB) во моментот кога ги најавуваше монетарните поттикнувања предупредуваше дека владите мора да го одработат својот дел од работата во вид на спроведување на структурните реформи.

„Клучната мантра на ЕСВ беше дека монетарните поттикнувања ќе бидат успешни само доколку бидат следени од структурните реформи, а истражувањето потврдува дека оние земји коишто вложиле поголеми напори во насока на реформите, забележале и најсилен економски раст“, нагласува Вилијамсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП