18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Илинден продолжува со инвестиции во инфраструктурата

Општина Илинден продолжува со инвестиции во инфраструктурата

ilinden

Нови улици во вкупна должина од 4.700 метри деновиве се градат на повеќе локации во Општина Илинден, со што продолжува интензивното инвестирање во патната инфраструктура во оваа општина.

Во населбата Јака во тек е изградба на новите улици „19“ и „20“ во вкупна должина од 1.800 метри. Во стопански комплекс Илинден се градат новопроектираните улици „2“ и „7“ со вкупна должина од 1.000 метри, а во локалната економска зона Марино-Кадино улиците „2“, „3“, „6“, и „7“  со вкупна должина од 1.900 метри.

Подобрувањето на патната инфраструктура, односно изградбата, реконструкцијата, санацијата и рехабилитацијата на локалните улици и патишта, како и подобрувањето на инфраструктурата во стопанските комплекси и во локалните економски зони останува еден од приоритетите на Општина Илинден.

Инвестициите во патната инфраструктура годинава почнаа со санација на општинските улици и патишта и комплетна реконструкција на главната влезна улица во Општината, во должина од 660 и широчина од 7 метри. Деновиве, претстои асфалтирање на новиот мост на улица „6“,  изграден на местото на стариот и дотраен руиниран мост кој што го попречуваше нормалниот проток на атмосферски води од постоечкиот канал и беше пречка за нормалното одвивање на сообраќајот. Истовремено ќе бидат асфалтирани и пристапите кон мостот, како и патот што води кон црквата „Свети Илија“, во должина од 240 метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП