2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi TT 1.8 TFSI: Спортист во компактна форма

Audi TT 1.8 TFSI: Спортист во компактна форма

Audi TT 1.8 TFSI: Sportler im kompakten Format

„Audi“ воведува нов мотор во новата генерација на моделот „TT“. Од јули, компактниот спортски автомобили, ќе биде достапен и со моќниот 1.8 TFSI мотор со 132 kW, односно со 180 КС.

Турбо 1.8 TFSI моторот има работна зафатнина од 1.798 см3 и го постигнува својот максимален вртежен момент од 250 Nm помеѓу 1.250 до 5.000 вртежи во минута. Преку дополнителни модификации на системот за директно вбризгување „FSI“, се постигна намалување на емисиите на штетни гасови.

„Audi“ со „valvelift“ системот ги подобри перформансите на моторот. Ротирачките вентили со термичко управување и интегрираните издувни цевки во главата на цилиндерот играат голема улога во ефикасноста на моторот со четири цилиндри.

„Audi ТТ Coupe“ со шест брзинскиот мануелен менувач забрзува од 0 до 100 km/h за 6,9 секунди, или за 7,0 секунди доколку клиентите се одлучат за автоматски шест брзински „S-Tronic“ менувач, моделот продолжува со извонредно забрзување се до максималната брзина од 241 km/h. „Audi TT Roadster“, со мануелен менувач забрзува до 100 km/h за 7,2, додека пак моделот со автоматски „S-Tronic“ менувач за 7,3 секунди. И кај двете верзии максималната брзина изнесува 237 km/h.

„1.8 TFSI Coupe“ има просечна потрошувачка од само 5,7 литри на 100 km, а емисијата на CO2  изнесува 129-138 g на километар. „Audi ТТ Roadster 1.8 TFSI“ има просечна потрошувачка од 5,8 литри, а емисијата на „CO2“ изнесува 132-142 g на километар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП