19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБаварско чудовиште помоќно од Ферари

Баварско чудовиште помоќно од Ферари

G-Power-BMW-M6-2013-1

Кој и да рече дека БМВ не прави суперавтомобил, дефинитивно ќе го смени своето мислење кога ќе го запознае тјунираниот „G-Power“.

Кога ова М6 купе ја напушти фабриката во Баварија со себе го понесе најсилниот мотор на БМВ во основната форма-4.4 литарски агрегат со 560кс, но по интервенцијата на вештите тјунери сега може да се пофали со 640кс и 777нм вртежен момент.

G-Power-BMW-M6-2013-2

Покрај дополнителната моќ, тука е и „G-Power Bi-Tronik III“ единицата за контрола на работата на моторот, како и турбина од „ASA“ серијата. Во вакво издание, силниот M6 купе, според перформансите зад себе ги остави „Ferrari 458“, „McLaren MP4-12C“, „Mercedes SLS AMG“, но и многу други.

Тјунерската компанија на моделот од фабриката од Минхен му стави нови 21-инчни „G-Power Silverstone RS“ алуминиумски тркала во комбинација со „Michelin Pilot Super Sport“ гуми, „G-Power“ суспензија и „G-Power“ сопирачки.

G-Power-BMW-M6-2013-3

Чудовиштето со потпис на германските тјунери до „стотка“ забрзува за 3.8 секунди со максимална брзина од 315км/ч.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП