26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин ги налутил Турците: Нема гасовод!

Путин ги налутил Турците: Нема гасовод!

gasovod 234

Изградбата на долгонајавуваниот гасовод „Турски поток“ е одложена затоа што руски „Гаспром“ и турската компанија „Ботас“ неможат дефинитивно да се договорат.

Експертите велат дека до откажување од гасоводот кој требаше да биде замена за „Јужен поток“ дошло не само поради економски причини, туки и поради заладените односи меѓу Анкара и Москва, по неодамнешниот говор на Путин во Ереван, каде го осудил геноцидот врз Ерменците кој го сторила турската војска.

Веста која во вторникот ја објавија руските медиуми била многу изненадувачка, затоа што до неодамна претставници на „Гаспром“ и „Ботас“ даваа оптимистички изјави. Наводно, преговорите биле многу блиску до компромис и договор за попуст на цената за гас која ќе ја добие „Ботас“ од рускиот партнер. Но по месец ипол разговори, компаниите на крајот сепак неможеле да се договорат за тоа како ќе ја применат формулата за попустот кој ќе го добијат Турците.

Руските медиуми тврдат дека „Гаспром“ има големи загуби. Бродовите кои би требало да ги поставуваат цевките на дното на Црно море стојат во руските пристаништа, а Турците губат, затоа што наместо да го користат попустот во цената на гас, сега плаќаат гас 100 долари поскап од просечната европска цена. Сега Турците илјада кубици гас ги плаќаат 370 долари.

Наместо да се договори со Москва, Анкара продолжува да купува течен гас. Во април Турција купи од „Гаспром“ 38 отсто помалку гас, отколку минатата година во истиот период.

Вчера во Москва беше објавена веста дека „Гаспром“ со приватните турски компании, кои купуваат годишно околу десет милијарди кубици гас се договориле за попуст, па тие во вториот квартал илјада кубици ќе плаќаат по цена од 260 долари. Оние кои веќе платиле гас по повисока цена, „Гаспром“ има намера да им врати околу 300 милиони долари.

Интересно е тоа дека и покрај тоа што во „Гаспром“ соопштија дека профитот во минатата година драстично им паднал, оваа голема државна компанија ги зголемила платите на раководителите за 50 отсто.

Дека „Гаспром“ има проблеми и на својот брег, доказ е најновиот извештај на „Ростехнадзор“ објавен вчера. При изградбата на „Јужен поток“ на руска страна споменатиот контролен државен орган пронашол повеќе од 200 примери за кршење на правилата при градење. Дури 139 пропусти направил изведувачот „Стројтрансгас“, а „Гаспром трансгас Краснодар“ имал 86 неправилности.

Компаниите поради тоа се казнети парично, како и нивните генерални директори. Во многу случаи документацијата за изведување не била во согласност со проектните документи, а покрај тоа не се почитувани техничките норми пропишани од руските закони.

Тоа што поради одлуката на ЕУ, Русија мораше да се откаже од градењето на „Јужен поток“ незначи дека се што е направено на рускиот брег нема да биде искористено. Кога ќе се подобрат односите со Турција, што е во интерес за економиите на двете земји, се што е направено за „Јужен поток“ во Русија ќе се користи и за „Турски поток“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП