18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција исплати 200 милиони евра од долгот кон ММФ

Грција исплати 200 милиони евра од долгот кон ММФ

7059276355549e96760798576636645_640x427

Грција денес исплати нова рата во вредност од 200 милиони евра од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), соопштија извори блиски до грчкото Министерсто за финансии.

Иако има финансиски проблеми поради доцнењето во постигнувањето на договор со своите кредитори за понатамошната помош, Грција успеа во неколку наврати да исплати дел од долгот кон ММФ.

„Траншата од кредитот ќе биде исплатена денес“, изјави рано утринава претставник на грчкото Министерство Димитрис Мардас, а парите еден час подоцна беа исплатени.

Наредната транша од заемот од околу 750 милиони евра, Грција треба да му ги исплати на ММФ на 12 мај. Извори блиски до грчката влада за Франс прес изјавија дека и тие пари ќе бидат исплатени навремено.

Грција е во должничка криза и во преговори со кредиторите, треба да спроведе реформи за од кредиторите да ја добие последната транша од финансиската помош од 7,2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП