6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot 208 постави нов рекорд за економичност! (видео)

Peugeot 208 постави нов рекорд за економичност! (видео)

rek peugeot

Серискиот „Peugeot 208 1.6 BlueHDi“ постигна нов рекорд во ниска потрошувачка на гориво при километражата на долгo растојание, тестирање кое беше спроведено под надзор на францускиот сојуз на автомобили, мотоцикли и велосипеди (UTAC).

Со неодамна претставениот редизајниран модел поминати се 2152 километри со 43 литри дизел гориво, што претставува просечна потрошувачка од 2.0 л/100 км.

Достигнување беше постигнато на крајот на април на тест патека на „Peugeot“ во Белшам, Франција. Патувањето траеше 38 часа, со менување на неколку возачи на секои 3-4 часа.

Тест-моделот бил со 100 коњски сили, сериски старт/стоп систем и 5-брзински мануелен менувач.

Автомобилот е од верзијата „Very Low Fuel Consumption“ (многу ниска потрошувачка на гориво), која е дел од палетата на моделот. Тој има перформанси за просечна потрошувачка од 3.0 л/100 км.

Со намалување на потрошувачката еколошката изведба на „208“ има аеродинамичен заден спојлер и користи гуми „Michelin Energy Saver +“ со ултра низок отпор при движење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП