18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот министер за финансии Варуфакис не очекува конечен договор до 11 мај

Грчкиот министер за финансии Варуфакис не очекува конечен договор до 11 мај

Yanis Varoufakis

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис не очекува дека Атина и меѓународните кредитори ќе постигнат конечен договор на следниот состанок на министрите за финансии на еврозоната во понеделник, на ден пред исплатата на ратата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

„На состанокот во понеделник секако ќе имаме плодна дискусија на која ќе биде потврден голем напредок, а воедно тоа ќе биде и нов чекор кон постигнувањето на конечен договор“, изјавил Варуфакис, пренесува Capital.

Грчкиот министер додал дека целта на Атина е да се постигне нов аранжман со кредиторите, за да се надмине финансиската криза.

Повеќе европски претставници изразиле скептицизам кога се работи за постигнувањето на конечен договор на состанокот во понеделник, кој би овозможил на Атина да ѝ биде одобрена траншата од 7,2 милијарди евра. Атина во вторник би требало на ММФ да му исплати 760 милиони евра.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле рече дека е скептичен во врска с постигнувањето на договор меѓу Атина и нејзините кредитори во наредните неколку дена.

„Донекаде сум скептичен дека договорот ќе биде постигнат до понеделник. Меѓутоа, не ја отфрлам таа можност“, изјави Шојбле, алудирајќи на претстојниот состанок на еврозоната на кој ќе се расправа за одблокирањето на новата транша од финансиската помош за Атина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП