11 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПетто издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“ на 7 јуни во МКЦ

Петто издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“ на 7 јуни во МКЦ

kon

Се подготвува петтото, мини јубилејно издание на фестивалот на нова музика Здраво млади! Во изминатите четири години фестивалот ужива нагорна позитивна прогресија, како програмска, така и во поглед на зголемената посетеност и интерес од публиката.

Оваа година, Здраво млади во еден ден, на 7-ми јуни (недела), со целодневна програма, на три различни сцени на платото пред МКЦ.

Музичката програма ќе почне од 12 часот на пладне, во вид на целодневен музички пикник пред МКЦ. Фестивалот ќе го отвори харизматичниот Lepi Xhoni кој ќе го претстави своето новото EP издание. На програмата потоа ќе следи гаражното панк трио со елементи на сурф-рок и стонерски-акорди Sürütkler, директно од културниот центар „Кула“, една од најсветлите точки во културното сивило во градот. Дента ќе се претстават и RIB, новиот проект на екипата од бендот СИЗ, со промоција на албумот „Something completley different” кој ќе биде издаден кон крајот на мај, а момците првпат ќе се претстават пред скопската публика.

Оваа година, понесени од значењето на петтиот мини јубилеј, во делот #throwback – најдоброто од изминатите четири изданија на Здраво млади, организаторите го најавуваат домашното/регионално дуо ТI. Со нов албум, излезен на 27-ми април, Трајче и Илија секогаш интересни и возбудливи за слушање и гледање.

За крај на првиот дел од пладневната програма, „Добри људи“ – реге хероите Conquering Lion од Тетово. Бенд кој постои веќе осум години на македонската музичка сцена, со стотици концерти зад себе и десетици европски турнеи, првпат на Здраво млади.

Во вториот блок од програмата кој би започнал од 16 часот, ќе настапат DJ Moodswinger и Kir, дел од белградскиот Dis-patch колектив, чија задача ќе биде да го претстават нивниот најнов дводневен музички „направи – сам“ фестивал наречен ПЛУСПЛУСПЛУС („+++“).

Третиот блок од 19 часот до раните утрински часови, започнува со хрватското музичко торнадо, наречено Vlasta Popič. Ова експлозивно трио го промовира последниот албум „Kvadrat”, издаден од Moonlee Records. По нив, групата чие име не се памети лесно, но остава огромен впечаток, швајцарското комбо Orchestra Tout Puissant Marcel Duchamp, чија несекојдневна авантуристичка музика е изразена преку речити, игриви и смешни поп песни. По нив ќе следи последната голема белградска поп-нојз атракција наречена Артан Лили кои конечно за првпат ќе настапат на големата бина на Здраво Млади. За Канаѓаните METZ потребна е психофизичка подготовка, порачуваат организаторите. Нивниот нов албум насловен како METZ II, излегува на 4-ти мај за култната SubPop, момци кои „дерат“ во живо!

Повторно во секцијата #throwback, овојпат со странски бенд кој оставил најголем впечаток од сите изминати четири изданија, а воедно е и повеќе од концерт, дури и пријателство и љубов кон Скопје и Здраво млади – Prinzhorn Dance School. Издаваат нов албум што се вика „Home Economics“, повторно за DFA и светската премиера на албумот ќе ја имаат токму на Здраво млади, а веќе на 8–ми јуни, ден по Здраво млади, албумот го промовираат и во Англија. Тие би го додале следното, преземено од нивното последно соопштение до медиуми: …plenty more live shows coming this year, starting in june with one of our favourite festivals – Zdravo Mladi in Skopje, Macedonia, then straight back for our UK tour!“.

Со возбуда и нетрпение се очекува и новата „инкарнација“ на еден од најзначајните бендови во историјата на македонската музика, единствените Bernays propaganda!, а за затворањето на фестивалот, првпат во Скопје, музичкиот гуру Gonjasufi.

Билети за фестивалот ќе можат да се набават во три етапи. Првиот викенд – 8 до 10 мај и ќе чинат 300 денари по промотивна цена, само на билетарница на МКЦ. Веќе од следниот ден, 11 мај, билет за Здраво млади ќе чини 450 денари до денот на фестивалот, а на денот на фестивалот – 7 јуни, билетите ќе се по цена од 600 денари. Билети по овие цени ќе може да се набават на билетарница на МКЦ но и на продажната мрежа на МК тикетс (во Скопје како и низ Македонија).

Оваа година дизајнот на плакатот е дело на Дарко Кујунџиќ од Хрватска.

Оваа година  со нов концепт и нова енергија, првпат со јуниор програма, штандови за здрава храна и смудија… На Здраво млади се доаѓа без обврски, со позитивна мисла и насмевка на лице.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП