25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs инвестира 100 милиони долари во Foodpanda

Goldman Sachs инвестира 100 милиони долари во Foodpanda

foodpanda222

Компанијата „Goldman Sachs“ ќа инвестира 100 милиони долари во меѓународната платформа „Foodpanda“, благодарение на што нејзиното општо финансирање од започнувањето во 2012-та година достигна 310 милиони долари, соопштуваат од компанијата за испорака на храна.

Фирмата стекна клучни конкуренти во Мексико, Русија, Индија, Бразил, Југоисточна Азија и Источна Европа. Сега компанијата планира да ја користи инвестицијата, за да се прошири и да реализира посеопфатна јавна набавка. Освен тоа сака да го подобри севкупното искуство на своите клиенти во вкупно 40 пазари во светот.

Од „Foodpanda“ посочуваат дека нивен главен приоритет е задоволството на клиентите и стремежот за нудење на повеќето лесен и удобен начин за нарачка на храна преку мобилна апликација или онлајн платформа.

Истражувањата и анализите на „Goldman Sachs“ покажуваат дека „Foodpanda“ и подружниците на нејзините брендови се фокусираат на новите пазари.

„Ние сме многу среќни од поддршката на „Goldman Sachs Investment Partners“, кои со својот голем искуство и анализи, донесоа одлука да инвестираат средства во компанијата со над 3 милијарди корисници. Пазарите во развој, претставуваат голема можност за онлајн испорака и нарачка на храна и ние се обврзуваме да создадеме најзгоден начин за тоа“, коментира основачот и извршен директор на „Foodpanda“, Ралф Вензел.

Како дел од кругот на финансирање, „Goldman Sachs Investment Partners“ ќе се приклучат на советодавниот одбор на „Foodpanda“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП