9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ признава: На Грција и е потребен нов отпис на долгот

ММФ признава: На Грција и е потребен нов отпис на долгот

12443951295549c1a62a85e231470776_640x430

Меѓународниот монетарен фонд соопшти дека на Грција можеби ќе и биде потребен нов отпис на долгот, но негираше дека за оваа мерка се залагал на состанокот на еврогрупата во арпил…

„Во текот на минатомесечниот состанок на еврогрупата во Рига, ММФ не се залагаше за нов отпис на долгот на Атина, како што објавија некои медиуми“, се наведува во соопштението на овој меѓународен кредитор, пренесува агенцијата Франс прес.

„На тој состанок, директорот на Канцеларијата на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Пол Томсен, говореше за компромисот кој мора да биде постигнат поради достигнување на договор во актуелните преговори, како и за тоа дека колку повеќе договорените мерки и цели се одалечени од првичниот договор од 2012 година, толку повеќе ќе биде поголема потребата за дополнително финансирање и отпис на долгот со цел долгот на Грција да се направи одржлив“, се наведува во соопштението на ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП