3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИталија гo поттикнува Lamborghini својот SUV модел да го прави дома

Италија гo поттикнува Lamborghini својот SUV модел да го прави дома

urus 200

Раководството на „Lamborghini“ се уште не даде зелено светло за продукцискиот „SUV“ модел, но по иницијативата на италијанската влада можеби ќе биде донесена одлука за стартување на производството на ова возило.

Oткако „Lamborghini“ во април 2012-та го претстави концептот „Urus“ се шпекулираше дали и кога овој автомобил ќе пристигне на пазарот. „Volkswagen“ кој е сопственик на брендот „Lamborghini“ и натаму не е сигурен дали воопшто треба да се започне со сериско производство на еден таков автомобил.

Од друга страна, владата на Италија сака да се осигура дека овој модел на „Lamborghini“ ќе се произведува на нивна територија, ако одлуката на „Volkswagen“ биде позитивна.

Затоа, според одредени медиуми, владата на премиерот Матео Ренци е подготвена на „Lamborghini“ да му понуди даночни олеснувања во висина од 100 милиони евра, но и некои дополнителни бенефиции.

„Volkswagen“ најверојатно би требало да „пресече“ до крајот на јуни, по што германската компанија ќе одлучи каде ќе се произведува идниот „SUV“ модел.

Медиумите во 2014-та ја пренесоа веста дека „Lamborghini Urus“ ќе се составува во Словачка, во погонот во Братислава каде веќе се изработуваат три „SUV“ модели од групацијата „VW“ – „Porsche Cayenne“, „Audi Q7“ и „Volkswagen Touareg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП