17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСребрен јубилеј на Микросам

Сребрен јубилеј на Микросам

mikrosam

Микросам, македонскиот гигант во високата технологија на светско ниво, денеска одбележува јубилеј достоен за секоја почит –  25 години од постоењето.

Станува збор за команија којашто се докажа како бренд амбасадор на Македонија во светот и продолжува да докажува дека земјата има голем потенцијал и капацитет да ги задоволи и најкомплексните решенија во областа на високата технологија.

По повод сребрениот јубилеј кој Микросам го слави оваа година, денес, 6-ти мај, на убав, посебен и интересен начин ќе се одржи корпоративната прослава во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Свое излагање на оваа прослава ќе има основачот на команијата, Благоја Самак. Пред бројните поканети гости од Европа, пријатели и соработници, ќе бидат доделени дипломи и признанија на оние кои се најзаслужни за успехот на Микросам.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП