18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦелосно затворен за сообраќај дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов

Целосно затворен за сообраќај дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов

mitropolit

Поради изведување градежни активности во среда и четврток целосно ќе биде затворена за сообраќај делницата на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и тоа од вкрстосување со улица Јуриј Гагарин до вкрстосување со улица Московска.

Автобусите кои ја опслужуваат автобуската линија со број 4А, во правец од Центар кон Тафталиџе 2, ќе бидат пренасочени по булеварот 8-ми Септември, Булевар Партизански одреди и улица Московска. Во насока од Тафталиџе 2 кон Центар, ќе се движи по истата траса, но по обратна насока.

Автобусите од градските линии: 5 и 5А, во насока од Центар кон Ѓорче Петров, ќе бидат пренасочени преку булевар 8-ми Септември, булевар Партизански Одреди, улица Московска и продолжуваат по својата траса, по булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, а во обратна насока ќе се движи по истата траса и при тоа ќе ги користат постоечките автобуски стојалишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП