28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот парламент овозможува враќање на работа на 4.000 државни службеници

Грчкиот парламент овозможува враќање на работа на 4.000 државни службеници

grcki-parlament

Грчкиот парламент во вторникот донесе нацрт закон кој треба да ја „исправи неправдата“ во државните служби, а предвидува враќање на работа на околу 4.000 државни службеници отпуштени во рамките на политиката на штедења коишто последните години ги наметнаа доверители ЕУ и ММФ.

За нацрт законот под називот „Демократизација на управата, борба против бирократијата и исправување на неправдата“, гласаа за 157 пратеници на коалицијата на радикалната левица Сириза и малата националистичка партија Независни Грци од 254-те присутни пратеници.

„Овој нацрт закон е далеку од неолибералното размислување, тоа е првиот знак на реформата којашто носи социјални обележја“, истакна заменикот министер за управни реформи Јоргос Катраугалос.

Законот предвидува повторно вработување во полицијата во градовите, во обезбедувањата на училиштата, повереници во управата и професори во техничките училишта кои беа испратени во бирото за вработување на листата на чекање, а потоа и дефинитивно отпуштени без ветениот процес на евалуација.

Грчката влада планира во 2015 година да вработи меѓу 11.000 и 15.000 службеници, за што пари во буџетот издвоила претходната влада на десницата Нова демократија и социјалистите Пасок.

Овој нацрт закон го вети владата на премиерот Алексис Ципрас којашто ја презема власта на 25-ти јануари на предвремените парламентарни избори, обврзувајќи се дека ќе ги укине мерките за штедење за коишто смета дека се одговорни за остриот раст на невработеноста, којашто во моментов изнесува 26 отсто, и длабоката рецесија во којашто земјата веќе шеста година по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП