4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПробиен патот за Галичник

Пробиен патот за Галичник

sneg-probien-pat

Регионалниот пат Маврово-Галичник прооден е од вторникот попладне, откако се пробиени високите снежни наноси на дел од патот по акцијата за расчистување која траеше со денови.

Според фотографијата објавена на социјалните мрежи, може да се забележи дека на месноста Царевец висината на снежната покривка надминува пет метри.

Во акцијата за расчистување снег на ова место пред неколку дена се случи трагичен настан во кој едно лице загина, откако беше удрено со работната машина „зил“ за расчистување на снегот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП