2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Економската состојба во Грција значително влошена

ЕК: Економската состојба во Грција значително влошена

Pierre-Moscovici

Економската состојба во Грција значително се влоши од почетокот на годината и влезе во црвено по прашање на растот, дефицитот, долгот и инфлацијата, покажаа економските прогнози на Европската комисија, објавени во вторникот во време кога грчките министри преземаат интензивни напори да се избегне финансиски крах.

Комисијата проценува дека Грција би требало да оствари раст од само 0,5 отсто ова година, драстично помалку од 2,5 отсто колку што најавуваа прогнозите од февруари.

„Со оглед на продолжување на неизвесноста, надолна ревизија беше неизбежна“, изјави еврокомесарот за економски и финансики работи Пјер Московици.

„Оваа прогноза е направена врз основа на претпоставките дека проценката на грчките јавни финансии, која моментно ја спроведуваат нејзините доверители, ќе биде завршена до јуни. Не е потребно да се истакнува дека овие проекции се подложни на висок степен на неизвесност“, рече Московици.

Грција во вторникот ги зајакна дипломатските активности во рамки на еврозоната во настојување да избегне потенцијален финансиски крах во овој месец, кога мора да отплати голема рата на ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП