22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија: Исплатени рекордни 600 милиони фунти за осигурување на домашни миленици

Британија: Исплатени рекордни 600 милиони фунти за осигурување на домашни миленици

kuce mace32335

Се попрофитабилната индустрија на осигурување на домашни миленичиња достигна минатата година рекордно ниво во Британија, а осигурителните куќи исплатиле 602 милиони фунти отштета за осигурување на миленичиња.

Според анализата на Здружението на британски осигурителни куќи (ABI), минатата година осигурителите исплатиле 602 милиони фунти за домашни миленичиња, што е за 15 отсто повеќе во однос на минатата година и најмногу од 2007 година, откако се прибираат ваков вид на податоци.

Произлегува дека секој ден минатата година за отштета за осугурени домашни миленичиња се исплаќале 1,65 милиони фунти.

Хемотерапија, испумпување на желудникот, проблеми со варењето и повредени во сообраќајни несреќи се само некои од случаите за кои сопствениците на домашни миленици побарале исплата на отштета.

Во минатата година во Британија биле осигурени над 3,5 милиони домашни миленици, од што речиси 2,4 милиони кучиња и околу 1,1 милион мачки.

Осигурителите издале полиси и за нешто повеќе од 250.000 други домашни миленици, како коњи, зајаци и некои ретки животни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП